TWINSLAB – Заботехничка лабораторија2020-05-27T10:59:17+02:00

Добредојдовте во twinslab

twinslab е заботехничка лабораторија фокусирана на производство на висококвалитетни протетски изработки, со максимално конкурентни цени и на целосно задоволство на клиентите

Гарантираме врвен квалитет на заботехничките изработки:

  • порцелански коронки и мостови
  • мобилни и фиксни изработки врз забни импланти
  • 3D PRINT изработки
  • CAD/CAM – керамички, циркониумски, метални и композитни изработки
  • тотални и парцијални протези

Тимот од обучени и сертифицирани дизајнери, техничари и керамичари секојдневно ги применува своите врвни знаења и тековни обуки, со цел да се добие највисок квалитет, естетски префинети и професионални резултати.
twinslab поседува и секојдневно ја користи најсовремената 3D PRINT и CAD/CAМ опрема во регионот, со германски квалитет, најмодерни дигитални скенери и софтвер за дигитално дизајнирање. Нашиот процес на работа е целосно дигитализиран и е во ранг на најмодерните светски тeхнологии и лаборатории.

twinslab – Насмевка направена со личен потпис!

Материјали со кои работиме и гаранција на изработките

Сите изработки на twinslab заботехничката лабораторија имаат целосна гаранција. Материјалите што ги користи twinslab заботехничката лабораторија се исклучиво од брендирани светски фирми кои ги поседуваат сите можни сертификати за квалитет и безбедност. twinslab заботехничката лабораторија ги следи сите упатства дадени од производителот и ги почитува сите стандарди и протоколи при изработката. За повеќе, контактирајте не!

Танкица Петкова – Љубовта кон професијата секогаш била нејзина најголема мотивација, а лидерството – најсилна. Таа е признат и докажан забен техничар – керамичар, обучувана од светски најдобрите во професијата. Како локално, така и регионално, се наметна на стоматолозите со својот препознатлив стил на работа, разбирање, посветеност и квалитет. Нејзин најголем предизвик се големите и комплицирани технички конструкции врз импланти, за кои таа е специјалист. Инаку, слободното време го посветува на свето семејство, а пасија и се пливањето и летните спортови.

Љубица Пецева е префинет забен техничар – керамичар. Љубовта кон уметноста и предизвикот да создава уметнички дела во забната техника била нејзина најголема мотивација да заврши како керамичар. Освен тоа што посетувала, посетува и се градела кај најдобрите во професијата, како керамичар, секојдневно се надградува во работата, темелно посветувајќи им се на изработките кои ги работи. Најголемо задоволство и причинуваат безметалните конструкции. Нејзиниот личен слоган: „Единствениот начин да бидеш успешен е да се пронајдеш во тоа што го работиш, а најголем мотив е кога денот ќе ти заврши со нечија прекрасно дизајнирана насмевка“ – ја прави една од големите вљубенички во нашата професија. Ужива во добра музика, филм и тенис. Како мајка и жена, целосно е посветена на своето семејство.

Контактирајте не

  • contact@twinslab.mk
  • Младинска 277, Струмица
  • 00389.2.60.90.990 локал 7