t-LAB – Заботехничка лабораторија2023-10-01T13:08:32+02:00

Добредојдовте во t-LAB

t-LAB е заботехничка лабораторија фокусирана на производство на висококвалитетни протетски изработки, со максимално конкурентни цени и на целосно задоволство на клиентите

Гарантираме врвен квалитет на заботехничките изработки:

  • порцелански коронки и мостови
  • мобилни и фиксни изработки врз забни импланти
  • 3D PRINT изработки
  • CAD/CAM – керамички, циркониумски, метални и композитни изработки
  • тотални и парцијални протези

Тимот од обучени и сертифицирани дизајнери, техничари и керамичари секојдневно ги применува своите врвни знаења и тековни обуки, со цел да се добие највисок квалитет, естетски префинети и професионални резултати.
t-LAB поседува и секојдневно ја користи најсовремената 3D PRINT и CAD/CAМ опрема во регионот, со германски квалитет, најмодерни дигитални скенери и софтвер за дигитално дизајнирање. Нашиот процес на работа е целосно дигитализиран и е во ранг на најмодерните светски тeхнологии и лаборатории.

t-LAB – Насмевка направена со личен потпис!

Материјали со кои работиме и гаранција на изработките

Сите изработки на t-LAB заботехничката лабораторија имаат целосна гаранција. Материјалите што ги користи t-LAB заботехничката лабораторија се исклучиво од брендирани светски фирми кои ги поседуваат сите можни сертификати за квалитет и безбедност. t-LAB заботехничката лабораторија ги следи сите упатства дадени од производителот и ги почитува сите стандарди и протоколи при изработката. За повеќе, контактирајте не!

Танкица Петкова – Љубовта кон професијата секогаш била нејзина најголема мотивација, а лидерството – најсилна. Таа е признат и докажан забен техничар – керамичар, обучувана од светски најдобрите во професијата. Како локално, така и регионално, се наметна на стоматолозите со својот препознатлив стил на работа, разбирање, посветеност и квалитет. Нејзин најголем предизвик се големите и комплицирани технички конструкции врз импланти, за кои таа е специјалист. Инаку, слободното време го посветува на свето семејство, а пасија и се пливањето и летните спортови.

Љубица Пецева е префинет забен техничар – керамичар. Љубовта кон уметноста и предизвикот да создава уметнички дела во забната техника била нејзина најголема мотивација да заврши како керамичар. Освен тоа што посетувала, посетува и се градела кај најдобрите во професијата, како керамичар, секојдневно се надградува во работата, темелно посветувајќи им се на изработките кои ги работи. Најголемо задоволство и причинуваат безметалните конструкции. Нејзиниот личен слоган: „Единствениот начин да бидеш успешен е да се пронајдеш во тоа што го работиш, а најголем мотив е кога денот ќе ти заврши со нечија прекрасно дизајнирана насмевка“ – ја прави една од големите вљубенички во нашата професија. Ужива во добра музика, филм и тенис. Како мајка и жена, целосно е посветена на своето семејство.

Контактирајте не

    • contact@twinslab.mk
    • Младинска 277, Струмица
    • 00389.2.60.90.990